Сковин стана единствената винарија во Македонија која го доби признанието Супербренд на Македонија 2011-2012 како резултат на стабилниот раст во производството и квалитетот, постојано воведување нови производи, освојување награди на меѓународни винарски натпревари и редовна исплата на обврските кон лозарите. Изминативе години Сковин бележи постојано ширење на својот асортиман. На пазарот лансираше 4 нови вина, додека старите се здобија со награди на меѓународните енолошки натпревари за мускат, каберне совињон, мерлот. Сковин е винарска визба со 33-годишна традиција на производство на висококвалитетно вино и винарски производи, со годишно производство од над 10 милиони литри вино, кое го извезува во повеќе од 15 земји во светот.
Сковин стана единствената винарија во Македонија која го доби признанието Супербренд на Македонија 2011-2012 како резултат на стабилниот раст во производството и квалитетот, постојано воведување нови производи, освојување награди на меѓународни винарски натпревари и редовна исплата на обврските кон лозарите.
Изминативе години Сковин бележи постојано ширење на својот асортиман. На пазарот лансираше 4 нови вина, додека старите се здобија со награди на меѓународните енолошки натпревари за мускат, каберне совињон, мерлот.
Сковин е винарска визба со 33-годишна традиција на производство на висококвалитетно вино и винарски производи, со годишно производство од над 10 милиони литри вино, кое го извезува во повеќе од 15 земји во светот.
Винаријата произведува чисто органско вино санџовезе од сертифицирани органски насади. Во текот на 2012 Винарницата планира лансирање на неколку нови, како и цела нова линија на барик-вина.